тебдил (прил.)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Го сторил син му од царот тебдил и го пратил кај момчето да купи еден од зајаците, колку пари ќе сакат, толку ќе му даел.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откоа виде оти сите ќе 'и испасам и пак дома ќе му 'и донесам, и како што му 'и донесов, прати сина си тебдил да ми купи еден за да ми се скусат зајаците, арно ама откоа му зедов многу пари на сина му, му дадов еден зајак, арно ама му удрив и еден муур одзади на бутот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)