тегобен (прид.)
Настана тегобна тишина што се закануваше како обвинение. 50
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Со слободата е закитена и се прчи онаа тегобна и ропска мисла што за свои претпоставки ги има само силата и авторитетот на заедницата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
XIV Во тие тегобни мигови повторно ми се нудеше како спас фугата на сеќавањето, излезот во татковата библиотека на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сите како да заборавија на тегобното време и во себе и во домовите. Падна мрак. Си разотиде народот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кочо поседе малку тука, сѐ во оној тегобен настрој што го гореше однатре по целиот пат, па стана.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоа беше и мојот прв цивилизациски шок, после што ми требаше долга и тегобна рехабилитација.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)