темнина ж.

темнина (ж.)

Има ги, има - мачат се, копат, копачи копат по темнината, копачи копат и тунел дупат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И има, има - радост голема радост длабока во темнината: да светиш, Вело, жар да се стопиш во борба гроб ти душа не зема!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата има души наранети.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А над вас еј си легнуат клетви за век да векуат и срамните ви имиња темнина ќе ги покрива.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Белич бргу протна глава низ прозорец: далеку уште во темнината некаде, трепкаше мижлива светлина, која жто стануваше сѐ поголема, поблиска. Станица! Спасени се!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сѐ ко молња денес згасна во темнината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И во секој ден така, во секој ден... Темнината се загнезди во нивните очни јами, ги ослепе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Замира на запад бледата светлост: тоа сонцето пропаѓа во длабок сон пред студената приквечерина. Но до темнината е долго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред него трепери сенка на еден од двајцата и, долга како кутнато стебло, минува преку неговите нозе за да се влее во темнината како река в недогледно море.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Два најниски акорда на темната клавијатура на облаците се судрија Два погледа под искрите нивни се зачудија Четири бели раце низ темнината на дождот вознемирен се побараа Се доближија се најдоа со болката со смеата со занесеноста стара...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Темнината везеше врз нив влажни шари. Околу матниот живот на уличните светилки се роеја игличести, капки, проѕирни бубалчиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Очите полека свикнуваат на темнината, полека во нив се палат искри - влага на неврат, далечен спомен покриен со копрена на живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не, шумеше крвта. Се лажеш. Јас без темнина во тебе. Се притајував, демнев од заседа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Невидливиот пат е копнежот залутан во празната исполнетост на темнината.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Трајко и Велика си правеа план за децата, и една вечер, мислејќи дека Анѓа спие, во темнината под покров почнаа да си разговараат: – За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку и за Анѓа треба да мислиме – ѝ шепотеше Трајко на жена си. – Што има за Анѓа да мислиме?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се доближија во темнината до калето и ги залепија главите на ѕидот да наслушуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите десет души влегоа во темнината во Прилеп, секој сам со no едно магаре товарено борина, штици, чатми, маст, сирење, волна, жито.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Кој ме вика? - се сврте куклата и ги впери очите во темнината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе