темпераментен (прид.)
Морам да речам и дека беше темпераментна.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таа депресивна атмосфера во која го најде потонат градот кој онака жив и разгргорен, ориентално темпераментен каков што го пречека кога за првпат дојде во него и кого и рабинот го поимаше како капија на Истокот, како европско предворие на Леванот и Бисер на Ориентот, свесен зошто го нарекуваа и Мајка на Израелот и Втор Ерусалим, сега при второто враќање во Солун го доживува како старо, разурнато гробје.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Брз, импулсивен, по малку конфликтен, а имаше душа да го собере целиот свет. Работлив, темпераментен и физички многу јак.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Грк од мароканско потекло. Беше темпераментен.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Работното место налагаше Гоше да користи огнено оружје, но испитувањата на службите покажаа дека засега “тоа прашање е отворено” (“нагласено темпераментен до благо непресметлив”, стоеше во специјалистичкиот наод на службите), па на располагање имаше секира со кратка рачка, со остро сечило и со наназад силно издаден тупук.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)