теорија (ж.)
113. Втората теорија, т.е. сите Македонски Словени се исто такви Срби како и Босанците, Црногорците итн. се вкорени во Србија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
21. Во своето списание “Вардар (1905) Мисирков го изменува редот на појавувањето на теориите за народноста на Македонците: таму пишува, дека најпрвин се оформила бугарската, после грчката и најназад српската.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
20. До Руско-турската војна имаше само една теорија за нашата народност. Сега се две.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Меѓутоа, огромното значење на Хегел не е во неговите филозофски теории како такви, туку единствено во откривањето на постојаното и незадржливо движење што владее во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Не е голем сликар, во теоријата тепка. Исто мислиме еден за друг.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
17. ЛУТО ЈАДИ, А ЗБОРУВАЈ БЛАГО - за единство на противречјата поднеси и жртва, но на таа животна теорија, иако не ни е драго, практиката, нејзината мајка, одамна ѝ била мртва...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Проучуваше разни работи и имаше теории за многу нешта.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Мил имаше и теорија во врска со откривањето на карактерот на човекот преку чекорењето, одењето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
...до следното наравоучение и натаму до секое ново грбите на езоповците гнијат во најдлабоките празнини нивните басни 'ртат во нечије друго детство во некоја друга носталгија... блуз за милиот ислужен светец или варијација на тема – теоријата на релативитетот во просветлените животописи почеток... C-дур
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тоа го викавме „теорија на Горачинов“.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од разни теории се гледа дека вампирот настанал од мајмун.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
„Ајде да почнеме!“ рече Дејко. „Теоријата е заплеткана. На практика ќе се види.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
4.1. Теорија за персонален конструкт: Никелска тура Теоријата за персонален конструкт, како што е формулирана од Kelly (1955, 1970) и елаборирана од Adams-Webber (1979) во суштина е конструктивистички модел на човечките процеси на репрезентација и организација на когнитивните функции.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој ја заработи Поперовата вечна омраза подбивајќи ѝ се на неговата теорија на “критички рационализам” како “малечок здив на топол воздух во позитивистичката шолја чај”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Отсега противниците зборуваат со ист јазик: и кај едните и кај другите етничкото поимање на нацијата ја победува теоријата за слободен избор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Затоа што, според Енценсбергер, “философските теории делуваат како волшебни сирени, пред чие заводливо пеење писателите би морале да ги затнат ушите за да зачуваат барем минимум од онаа животна наивност која ѝ е толку неопходна на литературата”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И така. Вистинското (врвно лажно) прашање е: Зошто Маргина? и од каде маргини на пајажина?, како што фино забележуваат актуелните холистички и хаотични теории.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Проблемите при изучувањето на историјата на преведување во етапи George Steiner, во книгата After Babel, литературата на теоријата, практиката и историјата на преведувањето, ја дели на четири етапи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Основните тези се дека компјутерските модели (машините) можат да се користат за покохерентно прикажување на барем неколку психолошки теории на когниција, додека во исто време, истражувачите ангажирани во борбата за градење на интелигентни артефакти (AI) можат да изведат идеи за подобрување на своите системи од резултатите на експериментите со човечки субјекти водени од психолози.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Научните теории се менуваат постојано така да се прошири опсегот на феномени кои тие ги помагаат да ги разбереме.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)