терапија (ж.)
Ти треба физикална терапија, ми велат, ништо не ми треба, им велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нарациите кои се користат во работата со пациентот и другите учесници на терапијата понекогаш можат да бидат несоодветни за планирање на успешно решение.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во терапијата, објективизирањето на овие вообичаени и општоприфатени практики на моќ значајно учествува во нивната деконструкција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Работење со Овој конверзациски домен им овозможува на учесниците во терапијата отворено да ги соопштат своите лични искуства во врска со проблемот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ова ни сугерира дека на оваа конференција може да се соберат луѓе кои спроведувањето на терапијата го гледаат како разговорна активност; интерактивна, конструктивна активност: терапијата опишана како разговор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова читање сугерира дека на конференцијата ќе се соберат луѓе кои мислат дека разговорите се per se тераписки, на потрадиционален начин, луѓето кои мислат дека терапевтските врски per se се факторот кој лекува во целата терапија. То ест, терапијата е разговор. 26 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
1. Терапевтот ги следи телесните знаци меѓу учесниците во терапијата, за да види колку брзо дијалогот се движи кон нови или застрашувачки теми.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Всушност, Џармановиот општ став кон сликарството може да се прочита од следниот цитат: “Не верувам во тоа дека сликата некому му носи откритие; тоа се случува во самиот процес.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Наскоро бев во состојба да го индуцирам вообичаениот феномен на транс со стандардни методи и применував хипноза во терапијата со пациенти првите години по дипломирањето, во армијата и во Глазгов.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Терапијата не помогна. Поривот да извикува пцости на сет глас беше силен како и порано.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Според неговите сознанија, животот се наоѓа во пореметена состојба, а лично тој беше повиканиот што треба да ја спроведе сложената терапија на неговото заздравување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се надеваше единствено дека тоа ќе го искупи со натамошната своја практика, кога како самостоен ќе може да ги применува новите методи на терапија напуштајќи ги веќе вообичаените на неговите претходници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги клукаш пациентите со седативи, како нашите баби малите деца со афион да не им плачат додека работат на нива, ги држиш успани како сенки, па одвреме-навреме ќе ги стресеш со некој електричен шок, божем да ги вратиш во стварноста - и тоа ти е целата терапија. Ветер и магла - таа психијатрија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Треба да се промени терапијата
местото на живеење
да се одлета на високо и ведро
да се преземе нешто перспективно
знам, но имам поважни работи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За миг се случува
избезумувачка ерекција
на сите пет, шест, седум
свети сетила.
Се кочиш, небаре примаш
нагло шибната инјекција. Терапија со електрични шокови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Изгревот кој го користевме како здрава терапија, за напојување со чиста енергија, пред сѐ за чистење на духот, смирение кое ти ја сталожува енергијата, како бистра чиста вода, па ти овозможува да ја распоредиш сам.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
6. Кога ја напуштив лекарската читална и трајно ја откажав поленската терапија, беше неколку минути пред четири.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сѐ додека не се направи пресадувањето на рожницата, работничката мора да биде под постојана терапија, месечно примајќи специјални инјекции кои чинат по 10 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Почна со мачните терапии кои траеја со месеци.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)