тероризам (м.)
ИВАН: Ништо. Тероризмот не може без овие работи. (Ја повлекува напред и со шепот.) Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и каде сме?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Новите средства за дипломатија, политика, шпионажа и тероризам ќе бидат електронски.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Киберпанкерите ве мразат!
Најновата Американска изгубена генерација ги спојува младешкиот бес и технолошкиот тероризам.
Денешните киберпанкери не се првата млада генерација која плука на денешниот свет но тие се први кои се стручно оспособени да сторат нешто во врска со тоа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Доколку се работи за поинтелигентни или пак дури и ингениозни умови, водите на софистицираниот криминал ги водат до некои повитални точки на системот но - каков парадокс -наместо овие Робин Худови и Џеси Џејмсови да се прифатат кон уништување на виталните точки, тие бидуваат асимилирани од истите и веќе ги гледате овие умни криминалци како ревносно му служат на системот и спремни се да тероризираат уште повеќе од моделите на нивниот младешки гнев, моделите против кои и тргнале по патот на тероризмот...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но по светската промоција на тероризмот како тип на анархистичко делување и евидентните показатели за неговата тотална (скоро тотална) контрапродуктивност, верувам дека ретко кој слободен интелектуалец или анархоиден уметник би тргнал во извршување на една ваква практика.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тероризмот Гоце го прифаќал, но како средство на ослободителната борба, на определено место и во определено време.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сметаше дека доволно прочитал и доволно видел во својот живот за да умее тероризмот да го смести кај поединци и нивните криминални групи наместо кај цели народи или пак држави.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш некој од политичарите рече дека тероризмот во земјата станал хронична болест, која е тешко да се излечи, и дека на него се лепат организираниот криминал, нетолеранцијата, ксенофобијата и многу други работи кои со години ќе ни ги трујат децата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Многумина ги ругаат Роџеровите копиљаци за протекционизам, ментален тероризам и подмитуење по медиуми, но мене Роџеровите изнутрици и не ми сметаат премногу.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Седиме со шпанските пријатели во бавчата на Старата Куќа и си ја ладиме душата раскажувајќи дамнешни преживеалици, барајќи лоши стихови во песните на некои наши колеги или мајчосувајќи му ја мајката на современиот тероризам и верски фундаментализам.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Со гордост би ги закитиле, со класичен тероризам до анархизам мафија на имигранти...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)