тестамент м.

тестамент (м.)

Тестамент, последна молитва, проштално писмо до една мајка? - Писмо до царот твој.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
24. ИАКО ТИ ГОРЧИ, ТИ РЕЧИ ГО СЛАТКО - црвенее потцртувано и во тестаменти и во други пораки до синот од татко, а всушност е издишка, на душата вентил...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На моите идни поколенија им ја препишав мојата интуиција како пропаст (подобро да не го отвораат тестаментот).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но ваквата претстава во голема мера е утописка и нејзиното остварување е невозможно поради силите на инерцијата, ентропијата, апокалиптичниот тестамент и партикуларниот егоизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во меѓувреме, Лири си подготвил „табела за квалитетот на животот” во која со бројки секојдневно обележува колку ужива; кога ќе ја допре најниската обележана точка, извршителите на неговиот тестамент и неговите пријатели ќе треба да го исклучат од овој свет (крајот, претпоставува, најверојатно ќе го дочека врзан за машините за одржување живот).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беше вистина дека Татко имаше оставено еден вид тестамент за сите нас во распоредот на читањето на неговите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Живиот спомен на Игора Лозински, остварувањето на неговиот морален тестамент и многузначните пораки што ги остави пред нивните животи, се постави како жив мост помеѓу нив.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Куќава“, вели, погледнувајќи наоколу, „ми припаѓа мене. Со тестаментот на татка, јас сум стопан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
аманет - порака, завет, устен тестамент
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Последниов ракопис “Две тишини“, според околностите во кои е создаден, го сметам за свој поетски тестамент.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На залезот од животот, кога опсесивно се трага по некакво помирување со нереализираните илузии, небаре задолжен од семејната судбина во егзил да ја допишам хрониката, оставена со пораките од Татковите книги, како можен тестамент за новите патишта на идните разгранувања на семејството, постојано ме обзема чувството за еден неисполнет долг кон Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа го чувствуваше како единствен Татков аманет и тестамент.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, од ден на ден, трагајќи по тајните на Татковата библиотека којашто го претставуваше јасно тестаментот за семејството за идните времиња на Балканот, разбрав дека беше неостварлива замислата да се пишува за Татко без Мајкиното полвековно присуство во неговиот живот…
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Доколку едниот од партнерите ненадејно почине и не остави тестамент зад себе, другиот партнер нема третман на легален наследник - што на хетеросексуалците им е дозволено доколку живееле во брак.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сепак ако се одзве кога ќе ја повикаш И ако ја прифати поканата за заедничка вечера Отвори го пликот пред да ја кажеш нарачката Познат е големиот број невалидно изведени договори И лажни тестаменти Постојано мислиш: близу сум до среќата А сомнението ти шепоти: далеку си.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се сетив на Сартровиот ламент изречен во неговиот исповеден роман Зборови, кога како во тестамент, по илјадите испишани страници, искрено ќе сведочи оти доцна разбрал дека всушност перото не му било меч.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последната збирка песни која ја објави Махмуд Дарвиш беше Трагата на пеперутката, еден вид тивок поетски тестамент на едно монументално поетско творештво со универзални вредности!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но токму тука се крие метафоричната порака на поетскиот тестамент: застапувањето за летот, трагата на пеперутката, невидливата порака која не сме готови да ја видиме, да ја прифатиме како излез!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ТЕСТАМЕНТ Ако умрам пред време Најди хакер и влези ми у Писи Имам необјавени дела
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Повеќе