теши несв.

теши (несв.)

Ја тешат ко миловидни ластовици, ја делат од трупот студен, толку мил.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
ИЛИЈА: Се разбира дека ми е мака, кога моите сонародници си ја менуваат народноста, но пак ме теши тоа што не само меѓу народот македонски има такви, туку насекаде ги има такви како тебе — расипани души.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јошето порасна момче, и Ѓуро се тешеше оти ќе види одмена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Абре, ќе го земиш, токо земи го неоти парите су и дал за него — се теши Ричко: — Донесе попот петшестотини, па да ти оддела едно и тебе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Бојана ја тешеше и ја куражеше Доста, им се приближи и Доста Макрева и трите мајки се одделија сосема настрана и потонаа во родителски — мајчински — разговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чинете гајрет да отидеме живо до Стамбол, белким таму ќе се разбистри работата, – не престануваше да ги теши стариот поп Димитрија. Но далеку беше Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Каданите го видоа кадијата намуртен и тие се сневеселија, но тој се поразведри и почна да ги теши: – Гајрет, гајрет! Што? Се исплашивте од една ѓаурка?...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Имаме господ, деца, имаме – ги тешеше поп Димитрија кога почнаа да им ги симињаат прангите. – Ќе не тераат некаде подалеку, штом ни ги ослободуваат нозете. – И правилно предвиде старецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неочекувано му дојде да ја теши дека се добро ќе се сврши и дека Јован ќе се врати здрав како риба, но место таква една сувишност, праша? „Знае ли жена му?“ Таа се поттргна малку назад.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Те фатиле затоа што си се уплашил. Откако те нагмечиле в затвор почнуваш да се лажеш себеси и да се тешиш слободен сум јас, мили луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Излезе на квадратестиот двор. Разбиени по двајца, по тројца, се шетаа и се буткаа затворениците, ги влечкаа нозете одвикнати од одење, спореа, се смееја и се тешеа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
После го крмеше своето немирно срнче и го тешеше да не ги зема толку присрце оние завивања, сѐ додека не се смиреа и не заспиеја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но сите братски и другарски, ме тешеа. - Немој, Јоле, не биди таков! Што ти е гајле - таа е од дедо ти...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Единствена поткрепа му беше секирата, со која сепак се чувствуваше малку посигурен, а го тешеше и сознанието дека „планината е чиста“, дека од поодамна не се зборува за волци и мечки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Друго време, други луѓе се, - имаше обичај да се теши старецот, свесен, иако незадоволен, дека син му има право.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А најмногу се тешеше Толе дека навистина без никакви потреси и непријатности ќе ја помине оваа лоша зима, од која есеноска баеги се уплаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море какво ти давање, побратиме, зар не знајш. Ошче и борчлиа го вадат секој умрен, та ѓоамите борчот му го прошчаваат и со тоа децата се тешат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сефедин почна да го теши старецот: — Без гајле, мудур ефенди, без гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога видоа дека Илчо секој момент ќе заплаче и баба му и татко му почнаа да го тешат и да му ветуваат дека ќе му купат друга санка, уште утре.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе