тешкото ср.

тешкото (ср.)

Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И убаво свиреше Крсте, та штом го рече „тешкото“, и самиот Пере се фати на танецот и почна да се крши и врти како што се кршеше на сретсело кога правеше ќерамиди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мажите го играа “Тешкото“, држејќи се здраво за раменици без насмевка, речиси намуртени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го свиреа „Тешкото“. Таков е обичајот кога се испраќаат печалбари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И јас земам. Мечка страв мене... А знам дека со една не можам. Тешкото е дури да почнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку било тешко, господе, да не можеш од тешкото да се иставиш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Смири го, синко, радиото, замоли, јас не знам да ти појаснам зошто ама секогаш кога го свират Тешкото Татко ти излегува од фотографијата И со црвена шамија во рацете Заигрува и скока та се затресува куќата, - чиниш се урива чардакот...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Гушењето, исто така, е поврзано со тешкото дишење и сексуалното задоволување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мисијата на нашата театарско-писателска делегација се очекуваше да успее, макар што патувањата од овој вид беа ставани под лупа, пред сѐ поради отпорната граница – ѕид помеѓу двете соседни земји и тешкото покревање на силите што требаше искрено да ги нормализираат односите помеѓу двете земји.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
4. Сојузниците ќе се обидат да достават колку што е можно повеќе воен материјал за оваа операција: противтенковско и планинско оружје, експлозиви, електрични запаливи фитили, муниција за нашата пешадија и тешкото оружје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На младината и се сервираа погрешни мисли и зборови: дека овде е тешко да се обезбеди подобар живот, па тие плашејќи се од тешкото, трк кон запад!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А пак јас, тежев како камен врз него, тешка од тешки мисли, тешка од ТЕШКОТО- ОРОТО, кое во мене без престан се играше, па како лута змија отровница, под срце да ми се беше завила, ми тежеа и рацете и нозете и снагата, иако не беше многу ухранета.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако Хунзите имаат одлични тапанари Како ли изгледаат нивните ора и какво им е Тешкото?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Рамковни браќа повторно кочат грбови сечат, судови молчат зошто ми иде да плачам ко дете од планина слезе, а денеска шеф е О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
О Тешкото... Зурли штом писнат на рамковна свадба недела е ден за нова дивоградба пиштоли фрчат, овчо се гнете слушнав на вести убиле дете О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се распиша конкурс на сите факултети семкари и овчари станаа студенти соблекоа волна, облекоа одело се штанцаат дипломи во секое село О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сѐ ѝ беше измешано во нејзината глава, за која не беше сигурна од тешкото вино - каде вистински се наоѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе