транспарентен (прид.)
Се работи за тип на текст во кој она што досега се нарекуваше филозофија, со помош на логичкото или научното или поетското или естетското, ќе може меѓусебно да се преведе (како превод не ја подразбирам едноставно транспарентната еквивалентност), едно со друго цврсто да се поврзе (greffer) или едно со друго да се спои, па така овие споеви дозволуваат тоа да се препознае и во текстот, во денешниот, не во модерниот текст.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Од картезијанска гледна точка, знаењето во „прво лице“ на психолошките состојби е непроблематично, бидејќи кон нив ни е отворен директен и транспарентен пристап, додека знаењето за нив во „трето лице”, како и знаењето на она за што обично сметаме дека го претставуваат, е мошне проблематично, како што покажуваат скептичките аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Така живееме веќе подолго време, единствено што навикнавме да веруваме дека таму некаде „зад аголот” постои еден суреден, транспарентен рационален свет, крај на историјата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ќе можеме да живееме во мешана реалност, кадешто ќе ги гледаме реалните објекти како низ очила за сонце, а истовремено и куп виртуални објекти (тоа би можеле да го наречеме транспарентна реалност - заб. на прев.).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се работи за инсталација, составена од голема кружна видео површина, на окото сличен интерактивен интерфејс и транспарентна (стаклена) тиква со отвор, низ кој што можеш да го носиш споменатото „око”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И во културата хиерархијата е јасна, транспарентна, недотерана, вулгарно директна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себеси), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Делуваше мошне авторитативно, но од него зрачеше доверлива срдечност, беше директен, јасен и транспарентен, совршен дел на големата американска дипломатска машинерија вешто и ефикасно распоредена на целата планета.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Љ Н, како оштетено лице, повеќе пати се обидуваше да стапи во контакт со одделението за сметководство, меѓутоа од ова одделение свесно одбиваа да му ја кажат точната сума пари која му ја должат, како и други општи информации во врска со неисплатените плати и придонеси – кои, во нормални услови, требаше да бидат транспарентни и лесно достапни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
- Барем ќе имаме евиденција колку курви има во државата. - Сифилисот ќе стане транспарентен човече.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Значи, на транспарентен начин го манифестира ублажувањето на болката.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)