трансцендентен (прид.)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Еден застрашувачки аспект на човечкото мислење е уверувањето - отелотворено во религијата - дека универзумот има некакво си трансцендентно значење.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сталин остануваше, посебно во Албанија, и трансцендентно идеолошко божество!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во трагичен и гротескен колаж на извлечени сакрални делови од верските храмови од трите вери, со цитати и плакати, со содржини со кои се одречуваат душата и верата, и овде се допира трасцендентното, централно прашање: што по смртта на човекот?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Си ја продолжуваа заедничката симфонија на стареењето, и по најтешките искушенија коишто им ги донесуваше животот на Балканот, преполн со неизвесности, да си го премостуваат животот, низ параболите на светите книги, низ нивните трансцендентни мостови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Писмата во кои авторот ја внел силно својата личност како да содржат примеси на трансцендентна мистерија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но, еве повторно сум со неа пред чистилиштето, во самиот влез во рустината на зборовите, во потрага по тесниот трансцендентен излез, на небото, кај што ми суди ,небескиот трибунал на моите предци, на излезот помеѓу мајчиниот јазик и јазикот на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Зарем човек не се раѓа со крик и сиот живот минува во стишување на крикот, до конечна, можеби трансцендентна тишина?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)