тргнување ср.

тргнување (ср.)

Така сега, така и прееска пред тргнување.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тој навистина не ги дочека војниците со крстовите и забитите — офицерите со белите коњи, но навистина ги собра селаните пред конакот на тргнување и навистина им одржа еден говор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се успокои Суљо и нареди тргнување, но на самиот мост прати двајца на педесетина метра растојание од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На тргнување, Карче му го даде на сина си последниот совет: - Внимавај, охриѓани се луѓе салтанатлии...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги престегна добро своите обувала, ја зеде пушката, и застана на вратата, со она желба на секој пред тргнување да се прости со нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа, тој еден ден, излезе пред татко му и рече: - Време е веќе, татко, за тргнување.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Хм, - пак дувна учителот и даде знак за тргнување.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На тргнување Тале му рече: - Еве ти пари за дрвата!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во едно тргнување фитиљ да истрга однатре.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Уште при тргнувањето возот доцнеше два часа и тоа време не успеа да го надомести. Во Минхен ја изгубивме врската со Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
БЕШЕ убав и топол есенски ден кога од Солун тргнав кон Кавала по цариградскиот пат низ кој, уште на тргнување, минуваа многу автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Барав овде да ми изминат часовите до тргнување на возот, но ресторанот бргу се испразни па и јас повторно се најдов на улица и тргнав пешки кон Ахенската станица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ниту еден од карваните со зајре, наменет за војската, цел не стигнуваше таму; уште од местото на тргнувањето бунтовниците ги преследува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред секое тргнување некаде, ќе се испули во небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коларов го згази трамвај пред тргнување, а Хаџиевски повторно го затворија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Наближи време за тргнување на возот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога сѐ беше подготвено за тргнување на пат, баба толку се нажали што очите ѝ се насолзија. „А што ќе прави малечково без мене? Како ќе се снаоѓа?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој ги собра колената, ги фати со рацете и расонет и возбуден ја дочека зората и времето за тргнување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Прекрасно име. – Ѝ поласка Дедо Мраз подготвен за тргнување – Ми беше многу мило што се запознав со вас.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Повеќе