тргнува несв.
тргнување ср.

тргнува (несв.)

88. И овде Мисирков тргнува од најконкретните примери што ги знаеле и сите негови слушачи на предавањево пред МНЛД: Ниеден Бугарин од Бугарското студентско друштво не замина да зема учество во Илинденското востание, туку само некои членови на ТМОК – Македонци, па дури и Руси, некои од кои и загинаа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти оди, но јас ќе се вратам дома (Тргнува кон вратата)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: Јас сум должен да заминам, а ти ќе останеш во оваа куќа сѐ додека јас сум жив! (Тргнува кон вратата) Збогум!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: (Тргнува кон неа) Дозволи ми да ти се поклонам!(Клекнува)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Најпосле, јас... (Оди кои вратата.) Ајде, мечка страв, мене не страв! (Ја фаќа вратата и веднаш ја тргнува раката како ожежена.) А-а! Не бива....
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Море, право во Вардар, да се удавам! (Ја опипува главата, ја тргнува крпата со која му е врзана, ја фрла тресејќи се од гнасење.) Еј, Теодосе! Умри, Теодосе, Теодосе!... (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чувај, боже, ќе фати и да пие! (Се тргнува.) Ама кое време ли е, боже?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МИТРЕ: Не знам што сакам, (ја зема главата во обете раце) главата ми е како бутин! (Седнува на големиот куфер, покрај малото, и очите не ги тргнува од него).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ФРОСА: (им ги фаќа и тргнува рацете). Што се срамите, речете му на крсников со здравје. Спасо, да пукнеш, ти барем си поголема, речи!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И ете и ја тргнуам рано, протегам рака со пламнат глас: прости, о земјо, со срце збрано дојде тој пусти најгрозен час.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Ошче утро рано в зори, ќе си тргнеме, ќе си појдиме да не нѐ разбира светот. Оти, ногу умишча, ногу грешки се прават.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тргнувам без надеж, без моќ.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Се тргнува. Божем нема сили да отстапи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Колку има до разделбата? прашав. Разделба? се тргна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Убавиот Месечко излегуваше од зад ридот и тргнуваше да се шета по небото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Пожар! - Пожар! - викаа луѓего и се тргнуваа настрана за да им направат пат на пожарникарите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Жената се тргнува, сфаќа. Очајна е, знае: Тешко може да го одврати кога намисли тој нешто да направи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вратата од кујната се отвора. Фезлиев се тргнува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Се тргнува од замисленоста. Очигледно дека ја освестува спомнувањето на името од Ѓорчета.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе