трепнува (несв.)
— Море, сто рала гаќи да носат такви како Крстета Попов, окото не ми трепнуа, ќе и согаза како нишчо! — се фали Неда и се мисли: — „Оти волку и сакам, и неќу за него да се прикажуа?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа не трепнува. Здржано, одмерено ја крева чашата. Бескрвно. Студено...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сеќавањата се редат. Очите не му трепнуваат. Мислата лета...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Ја познавам! Ана трепнува и зачудено го погледнува. - Не сум очекувала вакво познанство.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор се вгледува во темната далечина на морето. Оттаму трепнува трипати светлина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
— Вистина е, вели Жења, око не ѝ трепнува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Слушам така и на секој збор потрепнувам, целата ќе се занишам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Скоро и не трепнуваш. Не одолговлечуваш. Најголемиот дел од времето дури и не знаеш за тоа. Мртов си и точка.“ Се качивме горе за да спиеме.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кажи ѝ Семјоне", вели таа и се свртува кон него со кренати пердиња се до половината, око не ѝ трепнува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)