триста бр.

триста (бр.)

Во тоа време децата од преку-преку-дедови ни биле многу лоши; не ги слушале таткови си и мајки си, а пак татковите и мајките ич не ги повелале, триста лошотии правеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ТЕОДОС: Нема една мана, туку триста. Прво и прво, името — Стојанка, селско име.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ииии!... Злато!... Затоа бил заклучен со триста матракуки... (Влегува Мара и ѝ ги покажува). Само жолти!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таа како дедот Петка: намириса дека Митра е запалена за оваа работа и почна да тврди пазар: — „Та. .. којзнае, невесто Митро, дали ќе ми најдеш тоа шо треба; та . . . ногу време сака да помине; ја... требало порано да дојдеш; којзнае дали ќе можиш да платиш“, — и триста други маани си наоѓаше. И за неа „ништо не сака“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летнало детето по неа и тоа ти е. Триста маѓии за една аспра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога влезе во првата куќа, седна, се колебаше не знаејќи како да почне и одвај, со триста објаснувања, успеа да им каже.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги зеде тој уште двете лири од аманетот на татка ѝ на Трајанка, направи триста други зулуми сѐ додека еден ден не ја зеде работата во свои раце дедо Геро војводата и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност. – Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имено, повеќето од нив беа Мариовци од селото П’чишта кои оваа година ја откупија планината од Селим-бег од Солун за триста и седумдесет гроша – дваесет квадратни километра борова, букова и дабова гора со не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Верно е дека се погодивме до есен да биде готова, но излегоа триста непредвидени работи, а сѐ треба да се сврши како што му е ред. Та газдинска куќа ѕидаме...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше еден нерез, за какви што тој само слушал во приказните; такви ни шумата не може да одгледа почесто од еден во стотина години, тежок сигурно над триста килограми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега, колебливо, несигурно, со триста недоверби, а сепак, секогаш сѐ подлабоко, тој успеваше да го сети како свој еден сосема нов поглед, еден нов клуч, со кој можеше да никне во сите тие прикриени текови под скаменетоста на она, што го знаеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И одете полека во триста ѓаволски мајки, со тие ваши цигари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бугарите ќе ни даделе триста илјади пушки.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од селото Букри, во полето, пред носот на валијата и пашата, беа собрани триста овци млекарици и двесте брави пак од контракчијата (лиферантот за војската).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
3. У СЕКОГО ИМА МИСЛА, НО КОЈ ЈА ИМА ЧИСТА - и "модерните" писатели ја имаат таква во својата глава, но дека на хартија ја ставаат со врзулчиња триста читателот сам врз својата глава облози треба да клава...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Отунаа во коси и бради, зовреа вошки во нечистотијата, а овие донесоа триста болести, та скоро половината население од селата изумре, а пустите куќи од ден на ден се умножуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе