трупа (несв.)
Тие ги изнесуваат куќните предмети во дворот, ги трупаат под прозорецот, потоа ги товарат на грб и ги носат негде.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И луди ветришта само пеплишта носеа ги трупаа едно над друго едно до друго од сите векови повисоко ридови израсна камен гол црн камен.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Но колку повеќе ја трупаше и ја полнеше куќата со разни работи, колку побогатски се носеше и правеше дарови и колку повеќе прикажуваа луѓето за него - толку понетрпеливо настојуваше тој да се сроди со некоја стара, прикажана фамилија...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како што се топеше снегот, така се откриваа и морничавите глетки: камбаната биеше непрестајно, а попот Матлија ги читаше молитвите набрзина за да можат што побргу да се погребат мртвите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Ништо не им можете“, им велеше слепиот Тимон слушајќи кај што луѓето трупкаат со нозете по нив: „Оставете ги на мира; кога ќе им дојде времето, сами да си заминат...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа се трупа полека по хумусот на мојата снага по мислата по сетилата по плодот на земјината кора.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И додека нѐ трупаат двата по патиштата на чадот на крајот од тревите ме следи прекорот на жилките со мирисот на липата околу куќата и летото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ни се искачуваат над колената, ни се трупаат околу појасот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Месец март е почнат, а снегот од некаде се поврати и само трупа, се реди.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако не знаеше дека треската трупа врз мене црни парчиња мраз на ноќта во која еден човек стана факел, можеше да знае дека торбата во моите раце е на тој Онисифор со обетка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа ги израдува селаните, но за кратко време, бидејќи по неколку дена се дозна дека Англија и Италија не се согласуваат да се менува Одлуката и дека Албанија незадоволна што се одолговлечува спроведувањето на Одлуката, започнала да трупа војски на границата за да ја заземе со сила зоната.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Земјата ќе беше мала и танка ако на неа или во неа не ќе се трупаше она што умира.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А ѓубрето го трупаат на нашето Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Имаше право. Не постојат правила што ќе ни помогнат да ги растуриме тешките наслаги што ги трупа врз нас животот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Опишуваното звучи најприродно ако извира од споменот, а вам нема да ви биде тешко да го сфатите суштинското, и покрај изменетиот редослед“. (Се разбира, ги сфаќам противречностите што ги трупам при објаснувањето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не треба, му велам, толку да се трупиш и залудно да цедиш толку пот од себе.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Луда Река цврсто замрзнала, а снегот се трупал и се нанесувал врз мразот, сѐ додека реката и нејзините брегови не се изедначиле со рамнината.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Добро е, во космосот сепак има некаков ред време дур ѓубрето се трупа, и време кога тоа треба да се собере.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)