тупка (несв.)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Таа станува од местото, тупка со наланите по чистото светнато калдрмче, над кое држи ладовинка стара лозница.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се залепивме до него тупкајќи со нозете војнички и послушно. Редицата се нанижа права како стрела.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во аурот долу ни коњ тупка ни вол прежива.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Капетан Мирковиќ тупка со чизмите на земјата, го ведри и го облачи лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некои го фаќат под мишките, некои го тупкаат, го напиват вода.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ние го гледаме со Мирчета, тој седи онака расчекорен и само тупка со нозете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Погледнуваше во лозот, погледнуваше во резултатите па пак во лозот, па пак во резултатите, менуваше бои, срцето му тупкаше, а потоа пожолтуваше, го кинеше лозот со ифрит во душата и го фрлаше весникот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Избиле до работ од разгазената патека и тупкаат меѓу притемнетите бараки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми ја тргнува главата на градите негови и ме тупка, ме удира по плеќи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но не ги држи место и оние, сакатите, па почнуваат и тие да тупкаат мавтајќи со празните ракави и ногавици.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Затоа понекогаш морав и зајадливо да го тупкам по челото за да го налутам.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во ваква празнична атмосфера и возрасните се враќаат во сопственото детство, се враќаат од далечната магија, се внесуваат во играта што ја гледаат и во звукот што го слушаат, па со нозете тупкаат во ритамот на песната - Дојде Дедо Мраз!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тука Хорацио, за прв пат откако седнав на клупата до него, се насмеа на својот препознатлив начин – широко, гласно, тупкајќи ме по рамото: Баш така, миличок. Црв во газот!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
По ковчегот тупкаа ситните чекори на неколку остарени жени, неколку доодени старци и две-три недоветни деца.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Самиот висок, добро развиен, тој имаше зошто да се држи гордо: беше стегнат во нова скаутска униформа, земена на послуга некаде од градот, на колкот му тупкаше скаутски нож, а в рака носеше троаглесто знаменце со извезен елен - амблем на нашиот вод.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се брзам! – наоружан до заби, тупкаше со малите ножиња во место, како да подскокнува, и така одеднаш лесен во одот, одлета кон вратата...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Седам и квачам дури и не знам Дали ќе е ова уште еден Циркус Принтипрам* И дали ќе се испили беден или вреден стих од ова што се мачам доцна во ноќта – ѓупка кога напрегам гради и срцето тихо тупка во оклоп од коски А мојата душа расчленета Ко Лајбницовите Монади Моли: – наслони се стиху на моите мисли ко дете на мајчини боски 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
„Ти можеш да го направиш тоа, ќе ми помогнеш“, ми рече, тупкајќи ме по рамото и, речиси, шепотејќи: „Ќе ми помогнеш, и така натаму…“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)