турбина (ж.)
Целата зградичка на пиланата напросто проигруваше од она поројно заплиснување на водата, што сега можеше да се слева по шупливоста од буката и да се распрснува, удрена во коритцата од турбината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе потече ли еднаш водана, мислеше, ќе се откине ли таа од оној мраз, и ќе ја плисне ли еднаш својата сила во црнине копанчиња на турбината долу.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога би постоеле можности за искористување на ваквите состојби кај човекот, љубовните вредности на Јана веројатно ќе можеа да покренат и турбини и машини. - и Зрновски се засмеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Оваа генерација јагули ќе доживее вистински масакр во турбините на новите хидроцентрали при враќањето од среќниот трансокеански егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Работникот Кире Марковски (сега 55-годишен) од Скопје беше вработен во фирма од металската индустрија со општествен статус на сопственост – од којашто подоцна произлезе МЗТ „Пумпи“ – Скопје, АД за производство и монтажа на пумпи, турбини, хидромеханичка и еколошка опрема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Да зборуваме за нешто друго... Што правевте вчера во Скадар, кај отидовте со толкава љубопитност за да видите некакви турбини со своите очи?“ „Ништо“ рече инженерот. „Освен што фрлив поглед на некои сомнителни работи околу браната, сето друго време го минав барајќи една кула.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Изградбата на оваа брана од која половина од турбините даваат струја за Југославија, а половина за нашиот сосед Романија е пример и на добрососедска соработка, која се преточува во заедничка корист“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)