туфка ж.
туфка несв.

туфка (несв.)

Мајка му се туфкаше и пискаше и, кога ја виде Трајанка, се расплака уште повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако те превари некој корен да зацрвени, везден ќе се туфкаш: леле, леле, што ме најде, ми скапаа патлиџаните!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама човек си, пак за него се туфкаш. Цела ноќ си ја тепам главата: каде е, што е? Чекам, а срцето не ме држи. Еве го, ене го - го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се туфкам така, беспомошна, и бдеам над Здравка. Со денови, со ноќи на стреж. Ни ден ни ноќ познавам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа очигледно многу го имаше погодено, само се туфкаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се сети жената и почна да се туфка: се извинува ако згрешила нешто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жените само се туфкаат и чекаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Дедо, заборавивме да провериме дали возот го вози чичко Јастреб, прјателот на тато, којшто на рацете има исцртано разни натписи и фигури со мастило што не се брише до крајот на животот, - се туфкав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се фатил Итар Пејо за глава, пак слегол од магарето што го јавал, ја ничкосал главата и почнал да плаче, вика, туфка, аман Господи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Робот Бошко сновеше низ куќата и само туфкаше гледајќи во својот сакан стопан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кретен“, слушам како се туфка и се шегува со мене.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)