увереност ж.

увереност (ж.)

Кога маштеа ѝ повторно ја извика, се завртев и налутено појдов кон улицата, без увереност на независен човек како што се чувствував само во оваа темна задушност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На моменти се каеше оти ќе си го подгази девојчето, може и да остане кржлаво, недодоено (оти во Мариово децата ги дојат три години); може да ѝ се разболе чувај боже“; а од друга страна, пак, се радуваше при мисла и увереност дека тоа што ќе дојде ќе ѝ биде „баце“ на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Друго шо ќе имало! — одговори Доста со голема увереност дека погоди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред да ја изгради таа увереност, веќе ѝ говореше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ден пред тоа - јавна куќа и увереност дека сите се исти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ќе ме демнат со увереност дека еднаш ќе ме пратат да кршам мрамор на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше младо и јако стебло во својата увереност: на седум рида лежат седум чуда, седум потпорни столбови на човечката мудрост: Аристотел, Поло, Галилеј, Њутон, Дарвин, Кох, Ајнштајн.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се сети на блесокот во очите на Ивана и стана несигурна во својата увереност дека Отец Симеон ќе може да му нанесе некое зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го раздели на две половини точно преку срце, го смалакса и ја уби притаената увереност дека ќе дојде едно утро и ќе ги удави во роса и фабрички чад сенишниот зрак и стравот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој добива увереност и сила и започнува да господари над потсмевките и закачките и тие папсуваат и најпосле сосема се смируваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, за сѐ одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива покорна пред слободната терепетливост на машките, пред да ја изгради таа увереност, веќе и говореше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ќе ме демнат со увереност деак еднаш ќе ме пратат да кршам мермер на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му реков оти Онисифор Мечкојад не ме молел да му ја донесам торбата што другите ја познаваа по црвените, црните и зелените риги и сокрив дека ме нарекол предавник со увереност дека не сум ништо друго туку мал поткожник на дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина ѝ завидував на нејзината увереност и истрајност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ќе размислам сериозно јас и попот Милошевски бевме и останавме сепак пријатели иако овој мој став ја следи познатата увереност дека не треба да се смета на „посебно пријателство“ кај луѓето помеѓу кои времето ќе создаде осетливи цепнатинки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но и покрај таквата увереност, додека гледав во текстот на Грофот сфатив дека си го поставувам она чудно прашање: во кој мој живот ги имав видено тие мали картички со бујни водотеци од стихови?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И покрај мојата наклонетост кон таканаречените олеснителни околности искрено речено сметав дека ваквата увереност на Даскалов не му соодветствува на она што се случило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајсторот долго ја гледа позицијата и една увереност сѐ повеќе го проникнува - дека заправо неговиот млад партнер побрзал кога му понудил пред неколку потези реми.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе