угледен прид.

угледен (прид.)

Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И угледни службеници на новата власт со многубројна челад, а кои со мали плати, тешко врзуваа крај со крај во деновите на сиромаштијата, покажуваа разбирање за козарите и нивните кози, го купува нивното евтино млеко, иако беа будно следени од властите и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Реши, по многу разговори со татко ми и со другите угледни козари во градот, да оди во Федерацијата, кај централните власти на земјата, да разговара, ако треба со главниот стратег за козјото прашање, сонуваше и дури да го посети Водачот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Разочарувањето поради залудната и сѐ поскапа војна против дрогата поттикна голем број на угледни, конзервативни личности да се заложат за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сухов однекаде ви доаѓа од зад грб и ви зборува со таков тон како да ви прави услуга: -Овде почива правот на Михаил Матвеевич Херасков, угледен поет од епохата на дворските преврати...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Попродлабочена анализа покажува дека либидиналното јадро на филмот е варијанта на едиповиот триаголник: врска меѓу јунакот (дописникот), неговата девојка и нејзиниот татко, угледниот англиски пацифист, кој во суштина е нацистички агент - нивната врска е полна двосмислени подтонови, одделни постапки, што инаку би можеле да се разгледуваат и на ниво на површинско случување (немоќта и вината на таткото, уценувањето на таткото од страна на јунакот со (лажното) грабнување на ќерката, финалниот самоубиствен гест на таткото итн.), добиваат вистинска тежина дури оттаму што од нив одекнуваат имплицитни либидинални подтонови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Лири бил угледен психолог и професор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таквата контаминација на угледниот филозофски дискурс со книжевен текст што се смета за соблазнителен или опсцен и меѓусебната контаминација на нивните различни правила или начини на пишување, можеа да се причинат како силовити - веќе при самото „обликување на страницата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На човек од кој многу угледни луѓе бараат совети во најделикатните моменти од нивниот живот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ернст е новинар, уредник во надворешно- политичката редакција на еден угледен виенски магазин.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Имало случај, кој ми се изнесува во доверба, кога еден водич - конзерватор, на крајот од кариерата, не можејќи да лаже за статуата кој ја претставувал пред угледна странска делегација, рекол – статуата или јас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се појави ненадејно и молневито пред француската читателска публика: три од неговите романи излегоа, еден по друг, во издание на угледната издавачка куќа „Фајар” - Времето на козите, Татковите книги и Атеистички музеј.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека солунските динамитари со гордост му покажуваа на светот дека Македонецот знае да умира, ние одново го чувме целиот угледен печат, сите најголеми министри и политички луге како во еден глас викаат дека со своето безумие и жестоко однесување овие разбојници засекогаш ја дискредитираа својата македонска кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сепак, во неговите постапки имаше некоја посебност : мислам на онаа негова желба да остави впечаток на угледен и фин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некој му рекол на Милошевски дека манукот на ќерка му е едно обично шпионче, и дека братот на неговиот директорот, другарот од УДБА можел убаво да го подисплаши, се разбира ако го повика кај себе и му укаже дека младото девојче што го има заведено е ќерка на свештено лице, угледен граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова училиште кое беше познато како Женска гимназија која, подоцна, го доби името на маршалот Јосип Броз Тито, покрај другата голема Машка гимназија која го доби подоцна името на народниот херој Цветан Димов, имаше свои одбрани ученици, но и добри и угледни професори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Голем дел од родителите кои живееја околу гимназијата имаа угледни професии и голем дел беа деца од родители на номенклатурата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа е мајка на наш угледен колега.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повеќе