угорнина ж.

угорнина (ж.)

Си зел в раце едно дрво некастрено како за стап, раце да му се најде, за од лошо да се брани, и тргнал на угорното да оди.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Набрзина зедоа по парче леб и сирење, па криејќи се и од Стрела и од малиот Караман, ја фатија угорнината над Заветна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, токму кај Јихлава, на една голема угорнина на моравската висорамнина, нѐ дочека една незгода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Запнаа. Џипот полека се помрднува, уште чекор, два и ја превали угорнинката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Е, угорнината тешко ја земаа. Се лизгаа, а најмачно им беше на товарените правда.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Добро... Откако дочекавме зора, слеговме долу. Зелена лединка легната на блага угорнина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Господ и тоа грутче, тоа грутче па господ, и еве ти го Неделко Шијак, здрав како во младоста кога влечел по угорнини како маска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Автомобилот тешко се пробиваше кон стрмата угорнина низ кривулестиот пат кој бил трасиран уште во времето на италијанската окупација со крајна цел во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прличев може да ми позавиди...неговата мајка кога го носеше тешкиот мокар килим по угорнина...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„За да ти ја разгорат болката ќе ти го разорат телото!“, поревајќи се Старчето ја окара угорнината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нозете му се лизгаа по угорнината, непрекинато колван од клунот на јастребот, ги затвори ушите, за да не го слуша повикот на бикот Чако, препотен до гола кожа, бегаше, бегаше...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Качувајќи се по угорнината беше вистински загрижен за состојбата на чевлите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А еднаш ми откажа. На самоти остриот свиок на угорнината пред Ќафасан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И кога се случуваше да застанеме за да се создаде колоната, тогаш го галев, му велев браво, стари, издржа и продолжи да издржуваш, немој да откажеш на нерамниот пат, фаќај ја кривината, лапни ја угорнината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долго останавме на угорнинката. Стоиме онемени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред три дена оваа угорнина не беше вака раскопана и осакатена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молчешкум црната редица набрзо ја фаќа угорнината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Куќите расфрлани насекаде без ред, односно беа изградени таму каде што се нашло малку рамно земјиште, низ удолнините и угорнините, но како целина селото со големите камени куќи беше глетка што при секое доаѓање во него ти предизвикува неповторливи чувства на восхит, убавина, исполнетост...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Џипот со завивање ја фаќа острата угорнина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)