удопство (ср.)
Потоа, во исчекување да му биде предадено одликувањето, несвесно ја поттури главата нанапред, спрема Мурада, а кога и тоа го направи, односно откако Мурад му го обеси одликувањето, ја исправи главата и изговори: Алах да му ја умножи славата и удопствата на Прагот на среќата и лично вам, наш високославен султану.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Барем сапун и вода секаде има, ако нема некои поголеми удопства.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Всушност преминот од глетки и звуци кон симболи и бројки е премин за кој оние со хуманистичка склоност тврдат дека не може осмислено да се спроведе потаму од удобството на физичката лабораторија, или можеби, паркетот на финансискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Овие припадници на богатата класа уживаат во комодитетот на своите удопства, привилегии и имунитети – кои им ги носи професијата, земајќи редовна плата од над 1.200 ЕУР месечно, додека мнозинството македонски работници само може да сонува плата и од 120 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)