ужива (несв.)

Тој сака да ужива со тебе во харемот!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Жените го колнеа старецот, шепотеа по улицата и уживаа, веруваа во сѐ што ќе измислеа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но кога си помисли на поповскиот живот, на сите оние облаги што ги уживаа поповите, тагата го остави и во душата сети леснина и така радосен си дојде на манастирот и му ја предаде иконата на дедот Сталета со изјава дека не мисли веќе да се главува кај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо Геро, кога ќе немаше некоја работа, заедно со Јонета и со Гелета, ќе се искачеше на ледината над Петров Камен од каде што се гледаше далеку, далеку наоколу и ќе уживаа во убавините на Преспа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Страсно уживаше во своите прашања.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марија, ѝ реков. Децата се садисти. Нашиот син ужива во туѓа болка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Келнерот подлизурски гледаше во нив и се преправаше дека ужива во таа плитка идила.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И се истави еден чекор назад уживајќи во збунетоста на другарот, во неодредениот поглед со кој тој ја мери старицата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- О мајн гот, вели тој. - Ти пак уживаш во сопствената личотија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И добро е што е така, добро е што предметите живеат однатре и уживаат што нашето око ги прима вкочането.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да летаат, да вртат над неговата глава а тој да ужива во нивниот слободен лет.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не биди луд. Побрзај и уживај ја жената макар и по задача и не грижи се.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Навистина, има многу непријатни работи, но овде е сепак прекрасно. Треба само да се ужива во сѐ.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Плива како делфин! - се восхитуваше некој друг капач, навикнат секој ден да ужива во играта на малиот коњаник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И тргна Димче Волшебникот да ужива по улиците, да ги казнува оние што не му се допаѓаат и не му ги исполнуваат желбите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бојан скрши по едно парче од тричникот, што тие уште во воздух го дочекаа в заби и пак се вратија во тремот, пред плевната, на суво да го уживаат својот појадок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш, бездруго, ќе започне огнот да гори, а душманите ќе гледаат отстрана и ќе се ситат, ќе уживаат кај што ќе се черечи брегот, кај што ќе се распарчува...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А ним во секое време ќе им биде вратата отворена, ќе си доаѓаат со мажите кога ќе сакаат кај него, дечињата ќе им трчаат по брегот, ќе берат овоштија, цвеќиња, ќе уживаат и ќе слушаат за својот дедо што сево ова го создал со голем труд и мака...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Возот тргна кон Австрија низ која се патуваше дење, па одвреме-навреме уживавме во убавата попатна панорама која нѐ следеше сѐ до првиот мрак, кога влеговме во нашата земја, кај Јесенице.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Близу Лајпцишкиот велесаем се издига една вистинска грамада од камења и цемент, висока стотина метри, со огромни човечки фигури, но чие плато можат да застанат наеднаш стотина луѓе и одозгора да уживаат во панорамата на Лајпциг...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе