умешно прил.
умешност ж.

умешно (прил.)

Татко умешно го криеше својот ракопис, ниту Мајка не знаеше каде го чува, но тој во долгите разговори ни изнесуваше дозирани содржини од неговото дело на животот и во одбрана на животот...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
При таквиот измешан ред на случувања останува уверувањето дека со нас раководи некоја необична мистерија што умешно ја избегнува нашата контрола.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Толку е вистинска а истовремено и толку жестока, без секојдневните шминки со кои толку умешно ја нагрдуваме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сеќавам на говорите што тој умешно ги обликуваше во стегнати десетерци! Такви беа времињата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рена под око го гледаше како брзо ги сука и потем умешно ги врзува малите парчиња памук на стапчињата од метла правејќи мали фитили, а потоа ги потопува во садчињата во кои таа пред тоа го тури маслото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мислам на постелата со неговата присутна отсутност толку умешно спакувана во свечено одело.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Притоа таа умешно ги штеди зборовите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека едните играат за мала плата, другите гледаат да го оправдаат хонорарот умешно продуцирајќи кич ситуации.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За мене, публиката е дел од секоја претстава затоа што таа е сценски реалитет кој може и мора да биде подложен на режирање, само што нејзиното сценско функционирање е условено од умешно изработената претстава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој тоа го вршеше умешно, брзо и ефикасно, што беше последица на здобиеното искуство во откривањето на најкарактеристичните османскотурски заемки за натамошна обработка според почетната замисла, но и измените до кои дојдоа во текот на работата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)