умно (прил.)
Исто така Македонците можеа да работат и заедно со Грците, да можеа Грците да работат поумно и да беа само Грција и Македонија под Турција околу 50 години, кога сите други балкански земји би биле слободни.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ама сакам машки да ми одговориш и умно, како што говореше, бог да го прости, татко ти.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Затоа пак ѝ ја остави на Ајша. – Ти што ќе направиш, направиш: само гледај умно со марифет. Оваа со сила не можеме да ја кандисаме.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сепак учителот е прав. Арсо е умно детиште.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И како умно и убаво зборуваат таму во книгите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Тогаш ние заминавме... - Та тоа е најумното, што можете да го сторите сега, - му одговори Змејко.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Секако ќе дојде дома. Тоа е умно коњче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Умно зборуваш, синко, но ајде да видиме што станало со скривницата - рече мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Детево е, Огнене, многу умно и бистро. Ама не треба да се брза.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа старо, умно куче беше дел од неговото детство, негова најголема радост, негова најсакана игра.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- По неа ќе можеме внимателно и умно до оној засек на карпава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Го оставија селаните, но само од директното учество, а советите ги прифатија и многу умно направија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И најскапоцениот златен подарок не може да го замени убавото чувство на мајката дека има добро, умно, вредно дете.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А и не е срамота да се браниш од ѓаволот и од болестите. „Умно е само она што е и корисно за тебе, за куќата“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Раскажувај само, не жали се“, умно ја нишаше главата старецот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Такво умно куче ретко се раѓа.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Татко ми беше видливо изненаден од прашањето на Чанга, поставено толку умно и во духот на татковите главни мисли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)