умрен (прид.)

Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако не беше тој или ќе бев сега умрена не закопана, или пак посрамена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таму горе во небесното синило ја побара својата умрена мајка и почна со расплакано и натажено срце да ја моли за совет и помош.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Доста си цукна двапата. — Прво дете не се кршчава на умрен дедо или баба, — се поутеши некако и си брка работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Останал синот да расте на рацете од таткото додека на десеттата година не се вратил братот на умрената жена од заточение.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие се крилја на мртва птица и со нив е умрена и нивната желба за лет, за милување. Ослушнував.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Последната пролет е одамна умрена. Пролетта не умира, се насмеав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Живи – умрени, ќе ги има кадијата в раце бунтовниците, или нивните глави.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Умрените овци дедо му ги дереше, а со месото ги хранеше кучињата, но и од самата помисла да се зафати за такво нешто, на Бојан му стануваше лошо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас кај да сум жив — умрен, пред да ги скорнат овчарите бравите, ќе дојдам и ќе свршиме работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Умри, ба му ја, велам. За умрена жена се добива жива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не ме закопале недоумрен, си мислам. А може мртвите, и по смртта, можат да мислат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај ќе праша со празна уста, вели Маса Ќулумоска, неговите испаднати заби се децата. Вашите умрени деца, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После, ко се разјасни сѐ во врска со Тодета и неговите, се дозна и тоа кој бил умрениот. односно која била умрената и зошто така, не по христијански, ја закопале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подоцна се дозна дека при ударот, добил потрес на мозокот, од што му запреле животните функции, поради што се констатирало дека е умрен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Затоа кога избега Митра за него, дека го неќеа жителите на Потковицата, и дека го презираа и него и татка му, татка ѝ нејзин, Ангеле Ризески Козето, како умрена ја редеше, на цел глас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Може сум умрен, вели, ама нема кој да ми каже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе