употребување (ср.)
Тоа одделување си има и други причини, а имено - употребувањето на нашите умствени сили за изучувањето на себеси, како членови на една татковина и еден народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но дел од случајот на приватниот јазик се состои во тоа што бидејќи не би можело да има независна проверка на нечие употребување на овие внатрешни когнитивни ресурси, човек не би бил во состојба да ја препознае нивната употреба како коректна, и според тоа, за него воопшто не би можело да се каже дека го употребува изразот (го следи правилото).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Зашто, како поинаку можеше да се одржува на потребното ниво оној страв, онаа омраза и налудничаво лесноверие што ѝ беше потребно на Партијата со нејзините членови, освен преку заробувањето на некој моќен инстинкт и неговото употребување како движечка сила ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие се следниве: (1) неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена, со прекин, во текот на една година; (2) злоупотреба на боледувањето; (3) непридржување кон прописите за заштита од болест, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни ма- терии и повредување на прописите за заштита на животната средина; (4) внесување, употребување или бидување под дејство на алкохол и наркотични средства; (5) вршење кражба или ако, во врска со работата, намерно или од крајно невнимание, биде предизвикана штета на работодавецот; (6) злоупотреба или пречекорување на даденото овластување; и (7) оддавање деловна, службена или државна тајна.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)