уредува (несв.)

Ја реди, уредува и одредува судбината на оние на кои им е судено да седат овде...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зафатија луѓето гробовите што подобро да ги уредуваат, надгробните плочи и крстови да ги испишуваат со најлични букви, да редат слики на покојниците, да ги украсуваат со ангелчиња, со гулапчиња, со светци, саксии со цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ѝ заглави чивија да не мрда, и започна со неа да ја копа градината, да ја чисти од трње и коров, да засадува цвеќиња и дрвца да ја уредува, да ѝ го враќа оној нејзин поранешен лик, да ја оживува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Социјабилноста во Хундертвасеровите проекти е препознатлива не само во инсистирањето за повторно воспоставување на „троединство“, акционистички тип на станоизградба, оставањето на волја на станарите да ја (пре)уредуваат својата околина, еко-димензиите во неговите проекти, туку и во тоа, со максимално зголемување и функционализација на јавните површини во зградата, да се предизвикаат социјални контакти помеѓу станарите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа година тој го уредува книжевниот прилог на вечерниот весник Критика и во него објавува неколку свои раскази под псевдонимот Франциско Бустос, името на еден од своите прадедовци. 1936.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овие евтини дигитални орудија веќе го претворија домот во киберстудио во кое поединецот ќе дизајнира, уредува, изведува и пренесува идеи (меми) на својот екран.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се мисли ли на владетелскиот култ? Но, владетелот нема право да господари со свеста ниту да ги уредува мислењата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Духот на дувлото, племенскиот и патријархален менталитет, поддржани со силата, ја одредуваа, ја одредуваат и уште долго ќе ја уредуваат духовната клима на нашите градови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се гледаше дека тој дел од паркот никој не го уредува и не го негува, туку дека ѝ е препуштен на природата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Инаку тој им припаѓаше на оној ред поарчени првоборци што сепак ја беше сочувал припадноста кон власта и ги уредуваше утринските вести на радиото, а неговиот работен ден завршуваше таму негде кон 10 или 11 часот претпладне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Овој совет се основа со посебна спогодба, со којашто се определува и неговиот состав, при што мора да се води сметка за соодветната застапеност на сите „социјалните партнери“, а неговата работа се уредува со Деловник.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со овој закон се уредуваат условите и начинот за основање на овие агенции и начинот на привременото вработување за вршење на привремени работи кај друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со ЗВРС се уредуваат условите и постапката под кои странците можат да се вработуваат или да работат во Република Македонија, освен ако со меѓународен договор поинаку не е утврдено.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со денот на отворање на стечајната постапка престануваат и договорите со кои се уредуваат односите меѓу друштвото со извршните членови на одборот на директори, членовите на управниот одбор, односно управителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дежурството во здравствените установи се уредува со прописите од областа на здравството (чл. 118, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на психичко и полово вознемирување на работното место и местото на работа, мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место или т.н. мобинг.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)