усвитеност (ж.)
Првпат во секоја пора на неговата здрава кожа се забуцнуваше по една остра усвитеност, првпат по челото течеше крвава нејасност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Светат лицата на овие младичи во неснослива усвитеност и се растопуваат во црвената проѕирност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
При секој допир со предметите ја чувствуваш смртоносната усвитеност.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Усвитеноста се расползи од прстите на неговите нозе, па преку глуждовите, сѐ до колениците.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се доби ваков текст: ЈАС, потресен и огорчен од она што се случува денес со ЛУЦИЈА, која е обесчестена, пристапувам кон партијата на ЛУЦИЈА и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на ЛУЦИЈА до степен на усвитеност, дека ќе ѝ ги вратам честа и достоинството и дека...“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)