усрами (св.)
Што да прашува, кога знае. Сигурно не прашува за да не ме усрами.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Да не оставаш, Небеска, вели дедо, за едно исто двапати да се усрамиш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А неоти имав толку газ, ама ете, се најде колку да ме усрами.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, како да зинам да пеам, што се вели, кога пеел усрамен човек?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Невешто пеглал и, кога ја видел, се збркал. Се усрамил, но не престанал.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)