утрен (прид.)
Попот влезе во олтарот, тури темјан во кадилницата, го наметна петраилот и го почна утрењето со: „Благословен бог наш, всегда, нинје и присно и во вјеки вјеков“, а Куле веќе застана на певницата поткачен на едно столче, и откако одговори „амин“ почна да ги чете утрените псалми.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Попот ги сврши молитвите пред олтарот, Кушо ги дочита утрените псалми, попот ја кади црквата, Кушо отпева, и веќе почнаа и селани да идат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По една невесела седенка зад која остануваат расфрлени карти, купови отпушоци и студенило на луѓето еден кон друг, се враќав низ заспаниот град без движење на коли и без минувачи и му се простивставував со чело на остриот дожд, на тој предвозник на утрени мразови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Всушност, какви закони споменувал пред тоа Доце Срменков, што сакал да им каже на дојденците додека ослепувал од утрено сонце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стрелците и измеќарите се повлекле со утрената светлост, да спијат или да пијат и да го исчекуваат умирањето на побунетиот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)