фактографија (ж.)
Некој праша како Превер можел да ѝ го знае името кога вели дека не ја ни познавал, а некој друг му одговори со прашање: зарем поезијата мора да се гради на расчистена и логична фактографија?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Добро, има во вашите писма и извесно количество фактографија, информации и баналии од сите видови, кои вашиот епистолариј неизбежно го приземјуваат во просторот и во времето (внимавај, кај Тебе ги има неспоредливо повеќе отколку кај неа!), но вашата специфична, сосема езотерична и (белким и затоа!) мошне интензивна релација не се воспоставува, триж помалку должи врз нив. Туку исклучително врз длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)