фалење (ср.)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Мило ми е, ви велам, што Билјана сфати дека фалењето не е најубава работа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А знаеме сите: со фалење никој не направил куќа, не изградил друм!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Јас, добри мои, не сум сосем против фалењето. Јас сум против самофалењето.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Со фалење може злато да се сади и врз облак мермер- кула да се гради.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Се слуша само нивната кавга и безобразно фалење.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На крајот најважно е што останува за фалење Моево, очигледно било само будалење Жалам што те вовлеков во предградијата мои Ризично е знам Неизвесно е знам Жалам што не можам пуританец да станам Жалам што секогаш ќе останам воин! 1997
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)