фаца (ж.)
Од самиот почеток Били имаше некој вел со кој го криеше сето она што таму се случуваше - чудни фаци влегуваа и прашува: „Дали Били е тука?“, а јас им покажував кон заднината.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се враќа да ми пушти во фаца уште некоја навреда... секогаш уште некоја..
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас немав некој став за тоа, па сиот мој коментар на нивните расправии се сведуваше на крајно неразбирливи звуци и фаци.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ми го плука сево ова во фаца...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Правото да направат фаца пред телевизиска камера.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Грета: Сакам деликвенти, но овие од пред малку се жални. Никаков стил, никакви фаци.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Над јајчестата фаца со срамежливо затворени усни, сините подзамижани очи, блескотат како подзакриени џамлии.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Вечерта беше „лудница“! Никогаш толку убаво не сме си поминале и со толку многу нови фаци не сме се запознале.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Последниот муштерија, една таква брадлеста политичка фаца, му побара да му го врати вошливиот кусур од четири денари од стотка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сè ова ми го кажа милиционерчето - записничарче со многу рамен глас кое инаку располагаше со прилично смирена и по малку болежлива фаца.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Брзо се снаоѓаш, а уште побрзо се адаптираш. На Македонциве овде им се мењаат и фаците.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ќе биде симпатично друштво меѓу стемнетите чифутски фаци. Токму тие фаци и ги дочекаа него и подофицерот Мајснер во еврејските канцеларии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Баш ми е драг Барак Обама! Многу сакам кога ќе се појави така некој аутсајдер, па сите фаворити ќе му се смеат, а тој ќе си тера по свое и на крај ќе докаже дека е фаца, а сите други ќе испаднат магариња.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Го фаќа паника, брцнува во другиот џеб, вади нов флиспапир од него, панично го лепи врз претходниот лик и гледа: од огледалото го гледа насмеаната фаца на Левантинец.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На спротивната маса седеше позната музичка фаца од џет смет естрањата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Улица каде нашиве славни фаци, исклучувајќи ги политичарите, ќе можат да остават отисок од дланките.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)