федерација ж.

федерација (ж.)

2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тлееја Македонците и на грб нејак влечеа крвава двојна робија: едната како славјани, со јазик туѓ и негрчки, другата како аргати што сакат да прегледаат, да видат бел ден радосен, заедно со народите на Балкан братски здружен во една федерациа.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Се плашеа исто така во Федерацијата со судењето на Чанга да не се „интернационализира” проблемот на козите од јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Федерацијата првин беа резервирани кон странските новинари, но, на крајот мораа да попуштат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да знаеја луѓето од Федерацијата, да допираше оваа вистина за козите до Врховниот водач, сигурно ќе попуштеа, по толкуте скришни и јавни молитви на мајките.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XXVII Заминавме од градот на истекот на реката од Езерото, кон главниот град Скопје, на новата Народна Република Македонија, дел на новата југословенска федерација, со малото вовче, на едно од неговите последни патувања по војната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се оглушуваше на неговите планови да ги собере околу себе балканските држави, создавајќи Федерација, која подоцна полесно би ја покорил и завладеал.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во овој контекст треба да се има и ставот на Сталин во однос на југословенско-бугарската федерација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Прво британскиот политички врв бил против идејата за формирање на јужнословенска федерација и второ против идејата за формирање на самостојна и обединета Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во таква ситуација на Британците им останувало само да чекаат и да видат дали таа одлука вклучува во себе “некоја балканска федерација или само некое мало спојување со Бугарија во советската орбита“.369 На 10 декември 1944 година Главниот штаб на сојузничките сили добил информација дека “ЕЛАС добива оружје, муниција и помош од симпатизери во Бугарија и Југославија“ и барал од 37 воена мисија “да се преземе истражување...и ако е можно да ја спречите таквата помош на ЕЛАС“370 Меѓутоа, во телеграмата од 11 декември се барало “во случај извештаите да бидат вистинити“ да не преземаат “енергична акција“ како што се барало од нив, без претходни инструкции од британската заднинска воена мисија на Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во средишната југословенска република, Босна и Херцеговина, и таа рожба на новата федерација и на геостратешката визија на федералниот водач, свеста за големото значење на ориенталистичките студии зајакна во врмето на австроунгарската окупација, што не беше идентичен случај во јужната република.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие иднината на Македонија ја гледале во самостојна, независна и обединета Македонија или во Балканска федерација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Не мина многу време од моето враќање од Тунис и државата Палестина, федерацијата Југославија која ја претставував започна да се распаѓа во повеќе држави по силни братоубиствени војни кои не ги познаваше повоената европска историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
28 ноември 2009 – Здружението на новинарите на Македонија ја информира Меѓународната федерација на новинарите во Брисел за последното флагрантен начин на притисок врз работата на новинарите во земјата и побара поддршка во битката за слобода на новинарскиот израз.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Гордоста на нашата Федерација, чија слава на оружјето требаше да ја пренесеме во земјите каде што нѐ испраќаше државата како нејзини највисоки преставници, евентуално и вешти трговци, сега беше завршена во купишта железо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поранешните дипломати на Југославија, кои во федерацијата според паритет ги претставуваа шесте републики и двете автономни покраини, го напуштаа предвреме бродот со изгубениот кормилар за да најдат спас во првиот пристан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можниот југословенско-бугарски договор за федерација отворал нови простори за акција на Југославија и Бугарија во тој правец.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овде се наметнува прашањето од кои причини југословенско-бугарската федерација толку многу ги вознемирила конзервативните духови на британскиот политички естаблишмент?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повеќе