фенер м.
фенерче ср.

фенер (м.)

Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој го стави фенерот до главата на Арсо и поднаведнат, претпазливо, како да се плашеше да не го штрекне во сонот, одвај го допре со рака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под фенерот чекори војник со натакнат на пушката штик.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На клинот каде што висеше ламбата, сега се занишка фенерот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зад Ново Село лаеја кучиња. Долу, во полето среде во пченките, светеше фенер. Некој селанец си ја поливаше пченката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Слегуваше Профим со фенер в рака низ брегот и одеше да го бара; да го прибере дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како по дрвјата да беа закачени фенери.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Лефтерија ми го враќа фенерот в раце и се наведнува пред една бочва. Се мачи да го одврти чепот. 146
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Откако умре мајка, вие сте први гости во куќава, вели Левтерија, и го врти чепот, ама не може да го одврти. Јас го оставам фенерот на земја, се наведнувам да ѝ помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас ќе ѝ светам, велам јас, и го земам фенерот од Левтерија и Левтерија оди напред а јас одам по неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Често кога ќе го немаше навечер, го бараа со фенери.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кандило од тиква, вели, фенер во магла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Под фенерите... ги гледам движењата, ношницата како се мавта на ветрот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги гледа со фенерите в раце, им го слуша гласот: „Богдане... Богдане...“ и молчи стутулен. А кога ќе одминеа, се враќаше дома и ги чекаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од ужас и возбуда вселената вреснала: “Барајте помош од старо и младо, Без небесен фенер Ќе остане градот .
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Некој имаше фенер, па така ги читаа и пребројуваа борците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа ја префрли врз рамо наметката, го зеде фенерот и појде кон надворешната капија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еден колега на работа вели: Ќе си купам фенер, па како во старо време ќе си го осветлувам патот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе