феудален (прид.)
145. Во случајов Мисирков неправилно ги идентификува народите со феудалните владетели, зашто тие договори не се правени помеѓу народите, коишто никој и никогаш за ништо не ги прашувал, туку помеѓу суверените од разните држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
149. Српскиот цар Урош (1355-1371) владее во времето на интензивното распаѓање на оваа веќе разединета феудална држава; неговата смрт го означи крајот и на привидната централна власт на државата. 150.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Пред сѐ, во Германија не победи револуцијата, туку, особено во рамките на пруското кралство со апсолутистичкиот монарх на чело – феудалната класа сѐ уште имаше значително привилегирана положба, а младата германска граѓанска класа си беше извојувала далеку помалку одошто онаа во Франција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Со самото тоа не беше свршено ни со феудалната идеологија, што во Германија сѐ уште имаше доста свои поборници и бранители.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Споменик на феудална ограниченост и ништо друго.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во феудалните и индустриските периоди мнозинската демократија обично била либерална контракултурална сила во одбрана на индивидуата од кралската тиранија и класното ропство.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Вистинската религија е Еволуционизмот, базиран врз класичните хуманистички, трансцендентални претпоставки: - Бог не е племенски татко, не е феудален господар, ниту инженерски менаџер на универзумот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За еден феудален аристократ како и за еден Менхетенски критичар на уметноста „автентично” значи „редок оригинал”: роба продавана од галериските трговци и монополизирана од сопствениците.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Феудалните јазици не даваат зборови или знаци што го поттикнуваат, толерираат или барем спомнуваат поимот еволуција во животот на земјата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Имаше силна духовна моќ полиграфот Фаик Коница, со силниот заграб на неговиот интелект, да го изведе својот народ од маѓепсаниот источен патријархално-трибалистички круг и да го внесе, макар задоцнето, во поприштето на европските идеи, оддалечувајќи го од феудалниот отомански ментален хоризонт.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Меѓу првите во ислам преминувале припадниците на старата феудална класа во освоените балкански земји.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во XI век во Македонија се засилила феудалната експлоатација од крупните македонски и туѓи феудалци кои располагале со големи имоти и утврдени замоци, земале голем данок и за нив работеле бесплатно (ангарија) многу зависни луѓе, а населението било задолжено и со обезбедување на храна за војската и нивно сместување.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во 925 се прогласил за цар на Бугарите и Грците, а бугарската црква ја издигнал на степен на патријаршија. Го зацврстил феудалниот поредок во државата.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
ѓ) договор за вработување на куќни помошници (чл. 53, ЗРО/05) – кај овој посебен тип договор, покрај тоа што во нашата држава се официјализира една средновековна феудална категорија – „слугувањето“, „главарењето“ или „закрепостеноста“, има уште два куриозитета: единствено кај него е оставена одредбата која предвидува негова заверка во Заводот за вработување, што очигледно е пропуст при редактирањето на законскиот текст; а, во овој случај, предвидена е и можноста обезбедувањето „сместување и исхрана на работникот, кај работодавачот, да претставува дел од платата“ – кој пак дел, во договорот, мора да биде изразен во пари!?;
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)