фиктивен (прид.)
Овде не станува збор за никаква фиктивна земја, во прашање е Шведска.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Поетот остана сосема рамнодушен кон идејата дека медиумот на писмото би можел да му овозможи на текстот темелна автономија, со тоа што ја израмнува општата разлика помеѓу дословниот и фиктивниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Можеби со таа асептична димензија повеќе, фиктивниот дезинфикуван цртач на стрипови?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тој гулаш од документарни драми, репортажи, филмови, мини-серии, видеоспотови, трагикомедии, играј-и-погоди томболи и семожни нивни комбинации се меша во аисторичен фалсификат - семожен сатараш, што со сласт ќе го јаде само фиктивниот просечен гледач.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
5 Игри на емитирање и восприемање, кадешто фиктивните Едноста и Другоста ги прават единствените видливи нешта, нашата единствена “реалност” - во тие мижуркави траги, траси на комуникација, контакт, заплеткани јазолчиња без јадро...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во нив тој го живее својот фиктивен подобар живот, допуштајќи, во длабоко самосожалување, да му се граба и она што никогаш не успеал да го изгради во себе - својот граѓански идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И затоа, решивме, по секоја цена да не признаваме дека нашиот свет е фиктивен и дека е меур од сапуница.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Буџетските бројки повеќе или помалку биле фиктивни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тебе не можам да ти се обратам
во некое туѓо или фиктивно лице.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Впрочем, мене и вам не ни значи ништо тоа што Уставот на нашата држава, само на хартија, ни гарантира одредено право, ако тоа [виртуелно и фиктивно] право ние не можеме и практично да си го заштитиме пред суд – затоа што, на пример, судијата не го зема предметот во работа бидејќи немаме пари да ги платиме скапите судски такси, како и лукавиот противнички адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)