фоаје (ср.)
Се лажев. Во фоајето забележав дека на необичен начин ја држиш цигарата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сета во мермер и со огромно фоаје и огледала.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Фоајето беше исполнето со викотници, кои доаѓаа низ една врата во дното, која беше ширум отворена и на која беше испишано, дека тука можат да влезат само луѓе на берзата - берзијанерите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Секое утро слегував во салата за појадок, земав кафе и пециво и се преместував во хотелското фоаје.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ќе дојде годишно време кога таа нема да може цел ден да шета или да седи во трговскиот центар или во фоајето на гранитното Градско собрание преправајќи се дека чита весник.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На неодамнешната промоција на програмата на Скопскиот летен фестивал во фоајето на Македонскиот народен театар, познат македонски актер, се обиде на една средовечна директорка на библиотека да ѝ ја објасни специфичната позиција на актерите во уметничкиот свет.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Откако сите од друштвото си заминаа, останаа само двајцата на кафе речиси легнати во дебелите кожени фотелји во фоајето на хотелот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)