формулар (м.)
- Кој е афродизијакот против осаменоста? – прашува колегата, и натаму наведнат над масата, над формуларите што мораат да се исполнат и предадат во определен рок.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Го зедов формуларот, го пречкртав секаде она „народен дух“ и наместо него напишав „Луција“, и потпишав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кој е тој безобразен Бог што влегува во мене со својот политички фалус, фалусот на мојот потпис, па и јас влегувам во него, и зарем нема во потпишувањето на таквиот формулар, во пенетрацијата на неговото „јас“ во моето, висока доза на перверзен (хомо)сексуализам, што се вика власт?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Носам машина за пишување, формулари, топ хартија, печати...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија. Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Примероците на муницијата ги забележувавме одделно, на посебни формулари.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)