фотографија ж.

фотографија (ж.)

На левиот ѕид голем ѕиден сат во ореовина, на десниот огледало во широка рамка и неколку фотографии од серијата Геновева.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да гледаме сѐ: излози и фотографии во нив - со деца, со млади девојки, сѐ суви гитаристи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најкадравата од четирите фотографии е Еврејка. Знаете ли што ја чека?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, Никола, ја чу. А ако јас не бев отидена со друг, ако јас бев онаа кадравка на една од четирите фотографии на отец Симеон?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прелистува, превртува, рие... Пронајде една фотографија од децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Истиот лик... секогаш истиот - широк, груб, во едниот агол со фотографијата на фабриката во која работи Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бистроока, со плетенки на грбот и врела, му доаѓаше еднаш неделно и му носеше по една нова своја фотографија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Арсо како да се навреди од неговата рамнодушност кон фотографијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долгите глуждави прсти извадија една надве прекршена фотографија, чуварот едвај преку рамо ја погледна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сето си беше и требаше да си остане такво, мртво, приклештено, колку и да болеше со својата неподвижност. Беше без длабочина, како на фотографија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само понекаде некое дрво, сето бело и прекрасно, ја подаваше едната своја страна без димензии, како некој убав дел на недоразвиена фотографија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги фрлаше Профим фотографиите пред Царјанка и викаше бесно: „Ти требаат ли, ти требаат ли уште докази...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Фотографиите не се докази...“ „А што е доказ...?“ „Доказ е вистината”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Не е точно!” збесна Профим. „Тој е овде роден... Ако си заборавила, ако ти е сматен умот, можеш да се потсетиш... Можат да те потсетат и фотографииве...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На сите тие книги се наоѓаше мојата фотографија и името и презимето, како и по неколку збора за моето херојство.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Уште од корицата и насловот разбрав дека се работи за документи и фотографии од жртвите на земјотресот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Немавме барем нејзина фотографија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе