фрагментарен (прид.)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во распаднатото, фрагментарно, постмодерно време кое ги брише сите граници и хиерархии, кое со својата општа огледало-структура им дава право на сите и на сите право на сѐ, во време на персонализација, време на исчезнување на границите помеѓу високо и ниско, помеѓу уметност и неуметност, во време на рамнодушна консументска булимија, во време на атрофија на чувствата - на ѓубрето сите врати му се ширум отворени, ѓубрето навлегува во сите пори на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Можеби модерноста е она систематското, било во својата совршена форма, било во својата фрагментарна форма на пропаѓање или руина.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
На постмодерната ѝ припаѓаат минливоста, леснотијата, брзината, фрагментарниот карактер.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Свртувајќи се кон посовремени автори, решив да ја насочам антологијава кон нашите простори, па затоа вклучив уште еден расказ од поблиските средини, тоа е расказот на Милорад Павиќ „Чај за двајца“, инаку расказ кој може да биде занимлив за младата популација со развиена визуелна имагинација, со интерес за чудното, а не само чудесното, образована/воспитана информатички за комбинаторики, за една специфична игра на можното и неможното, за семантички пресврти и изненади; - Расказот на Павиќ, покрај расказот на Кортасар, на Борхес и на Маркес, спаѓа и во групата раскази кои ја најавуваат постмодерната, со нејзините фрагментарни комбинаторики кои и реалното го прикажуваат како нереално.1
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)