хируршки (прид.)
Еј, Никола, крваво крикна под кожа. Кажи ми нешто за твојот хируршки нож. Кажи - што беше тоа живот?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Иако се ближи кон шестата деценија, по својата виталност и активност тој прилега на момче кое е готово да прави хируршки интервенции уште многу години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Три хируршки интервенции направија и пак нема за подобро.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во истиот хируршки оддел постоеше еден човек на четириесет години, кој боледуваше од она што тогаш се нарекуваше myositis ossificans progressiva (fibro dysplasia ossificans), состојба во која мускулите се преобразуваат во коска. Тоа е многу ретка болест.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Клечевме во тесен отвор меѓу еден хируршки бутик и антикварница.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Пациентот се опоравува од хируршката интервенција десет пати побрзо од вообичаеното време, бидејќи хирургијата по пат на телеприсуство го остава телото речиси недопрено.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш за прв пат видов дека рефлектирачките очила се хируршки вградени, среброто мазно се креваше од високите јагодици, затворајќи ги очите во нивните дупки.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Следниот пациент веќе беше на хируршката маса.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Воспалението на коските ни ја комплицираше како хируршката, така и рехабилитационата постапка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На крај се дијагностицира трајно оштетување на рожницата на окото, а единствен начин тоа око повторно да стане функционално е со пресадување на рожница од донор по пат на хируршка интервенција (операција стручно позната како „кератопластика“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Старите ја загубија верата; свештеникот седи дома и ги расчеткува одеждите едноподруго; а лекарот треба сѐ успешно да врши со својата нежна хируршка рака.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)