хит (м.)

Ваков ден ѝ е неопходен барем еднаш месечно: го слуша единствено тивкиот звук од неколкуте касети со стари, добри хитови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Играа по тактот на мелодиите што ги слушаа иако не ги знаеја игрите: танго, валцер, фокстрот, чарлстон, самба, румба, рокенрол, ча-ча-ча, боса нова, полка, а најмногу ламбада која беше хит и која почесто ја повторуваа и чиишто ритам најмногу им се допаѓаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во Лондон, неколку илјади луѓе го поминуваат времето на Хемпстед Хит и на други места од пролетта до раната есен, а зиме мигрираат во душевните болници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Значи, приказната е сосема јасна: некој кој има желба неговиот производ да се види во филм за кој претпоставува дека ќе биде хит или дека ѝ се обраќа на иста целна група, го бара режисерот и го убедува во некој кадар главниот актер или актерка, на некој начин, да го употребат производот за кој станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гронинг: Се плашев дека возрасните нема да им дадат шанса - инаку бев сигурен дека имаме хит.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таму го отпеа својот прв хит Миле воли диско, диско а ја коло шумадиско. Останатото е легенда.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Со години моден хит у Канада.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Кога уметникот е многу тажен, може да напише божествена песна која ќе биде хит во цел свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во Америка е последен хит, па зато ви испраќам малку да пробате.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Наместо да отидам јас ја пратив Лима. Нејзините импресии од излегувањето ги слушнав утредента, кога јас и таа се најдовме на плажата „Немо“, која токму тоа лето беше хит.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да споменам дека свадбата беше прекрасна и елегантна, не типична македонска, туку модерен бал на летна бавча со бенд кој ги свиреше најљубовните светски евергрин хитови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Данте му земаше мерка на Бонифацио за новата ѓаволска одора која ќе биде моден хит идната есен.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)