хроничен прид.

хроничен (прид.)

Тивко, но доволно цврсто му напоменувам дека жолтеникавиот господин Тест веќе подолго време страда од хроничен гастритис.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тука, со хроничното задоцнување и со поизострени последици се разрешуваше јазелот на противречностите, веќе одболедувани во Европа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој добро ја познаваше оваа идеја од западните извори, но не можеше да ја поврзе со гладот, хроничната сиромаштија на овие луѓе, кои немале фабрики, пруги, задруги, но кои никогаш не биле гладни, гладни како во овие времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми сигурно чувствуваше дека гладот, речиси хроничниот глад во семејството ги свенува нашите души, насетуваше како замира нашата врева, без која му стивнуваше и еланот да чита, да мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секој психијатар со минимум искуство знае дека тоа е невозможно, такашто, кога некој ќе му дојде со такви симптоми, тој не дијагностицира шизофренија туку хронична вознемиреност и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Крајно растопен хроничниот кататоничар-хебефреничар е личност во која овие процеси го достигнале највисокиот степен кај некој што сѐ уште може да се смета за жив.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во практиката, потребите на населението се секогаш потценети, што резултира во хроничен недостиг на половина од животните потрепштини; но на тоа се гледа како на предност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велат дека болеста му се манифестирала по посилен стрес, но и како резултат на хронични стресни состојби.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, во својата стратегија за опстанокот на семејството, помислуваше, тоа не го скри и ни го кажа во една пригода, дека можеби беше и добро што Мајка го загуби каталогот, зашто времето на повоените години донесе уште поголем контраст помеѓу хроничната немаштија и сликите на облеките и на предметите од Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Знаеш, луѓето што страдаат од хронична глад се криво насадени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А беше умна жена и знаеше да се варди од провокативните, политичките прашања, за кои беше мошне добро подготвена, особено пред да патува, кога не ги напушташе Татковите книги, особено неговата Историја на Балканот низ падот на империите, посебно задлабочувајќи се во „албанското прашање”, во сите негови варијанти, вклучувајќи го тука и хроничниот проблем на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше хронично гладен и хронично настинат - ништо не го најадуваше и никогаш не беше дојаден, а од друга страна беше истрениран да трпи глад со денови; зиме - лете носот му течеше, кога мрсули кога водичка, па не знаеше што е тоа да ти биде топло, кога е доволно да имаш нешто на грбот колку да не ти се тресат вилиците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш некој од политичарите рече дека тероризмот во земјата станал хронична болест, која е тешко да се излечи, и дека на него се лепат организираниот криминал, нетолеранцијата, ксенофобијата и многу други работи кои со години ќе ни ги трујат децата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пеколот секој сам си го бира !  Ја обзема чувство на изнуденост: софистицирана уцена маскирани киднапери препознатлив глас.  Депресија: доцна попладне Наместо топла попладневна дремка во неа без остаток се влива тегоба со нагон на повраќање небаре влегува низ подотворени порти - дома, а дома цибрина  треска  изѕемнина.  Има хронична несоница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Познато е дека италијанската пошта функционира лошо (дилетантизмот на населението?) и дека во Франција штрајкот е хронична болест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Хроничен страв. Дишам за двајца. Горам за тројца. ...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Освен тоа, имав хронично депресивно расположение поради тоа што не можев да отидам на младенци кај сестрите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Толку се зближи и го засака искрениот, но според него наивен Камилски, кој со своето шпанско револуционерно минато, со хроничниот просоветизам, можеше лесно да се најде во непредвидливата и неизвесна стапица, на секогаш новата идеологија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се вратив од Шпанија и Франција, многумина ми велеа дека сум се вратил како хроничен Дон Кихот, со продолжена судбина на автентичниот Дон Кихот на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе