хуман (прид.)
Не ни покажува ли тоа оти малите држави, па и секоја една земја, со гонењето општонародни цели гонат не хумани цели, ослободувањето на поробените, ами чисто материјални и егоистички цели, т.е. зголемувањето нивно за свој интерес, без да се гледа дали ќе настапи подобрување во судбината на Македонија или не.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во обвинувањето се настојуваше судот да се ослободи од секакви хумани обѕири и да им изрече на обвинетите најстроги казни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
20. ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, НО КОСКИТЕ ГИ КРШИ - така да беше денеска многу ќе имаше и мрши, но, еве, тој е хуман и друга функција врши: му мести коски на светот за утре да ги скрши...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сепак, би ми било навистина многу драго ако успеа да сфатиш дека не бевме ниту деспоти, ниту ненаситни посесивци, туку дека се трудевме да ти овозможиме најдобри услови за безгрижен, самостоен развиток, да ти всадиме широки и хумани погледи кон светот, да ти дадеме скапоцени совети за што побезболно да ги минеш младешките кризи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тимоти Лири НОВА РАСА Memis: Само-реплицирачки идеи кои се шират меѓу хуманата популација, предизвикувајќи културални мутации. Neoteny: (1) Достигнување на напредна функционална зрелост уште во стадиумот на ларва; (2) задржување на оптималните за опстанок ларвични или недозреани карактеристики во возрасниот период, одбивање да се престане со растењето, проширување на развојниот период.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ете така таа си го зема своето на лична почва и на хумани чувства.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Една спекулација е дека таквите вирозни хумани форми можеби веќе ги населуваат нашите компјутерски системи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се забележува некојпат тага и различни хумани чувства.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во тие денови ќе следи обидот за демонтажа на еден човек со отворена и хумана култура, кој немал негативен однос кон културата на религиите и верувањето туку јасно го претпочитал значењето на религискиот феномен во историјата на цивилизациите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Марија, запознавајќи го добро тој неискажливо хуман и сестрано образован човек во бел мантил, во сето ова изминато време во болницата, знаеше дека тоа "добар пат" , кажано од него, не е само вообичаената изрека.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Можеби ти беше во право, кога еднаш за него ми рече дека не копа бесплатно оти е добар и хуман, туку бидејќи е лаком и бидејќи заради тоа има страв од казна, та копа гробови бесплатно за да си ја смири совеста.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Затоа и токму така го започнав расказот Одгриз на срцето - најмладата генерација масовно да се вклучи во оваа хумана еколошка акција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Гоце Делчев, широк и хуман по својата природа, ценел и сакал секого во кого верувал дека искрено се бори за ослободувањето на Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мислев на неговите хумани зборови кои ги кажа меѓу остарената Богородица покрај распнатиот Исус и Богородица со детето Исус: дека највисоката цел кон која треба да се стреми човечкиот род е да се овозможи секој човек да живее живот со што помалку тегобност, и секој човек да придонесе во остварувањето на тој идеал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во таквите ситуации се случува луѓето да се жртвуваат себеси за да го спасат животот на другите и за да ја одбранат својата претстава за високите морални и хумани вредност, оние кои ја покажуваат смислата на човековото постоење и важноста на потрагата по таа смисла за секое човечко суштество; - Некои раскази доживеаја јазична и стилска редакција затоа што, овој пат, се потрудив да вклучам преведувачи кои направија изворен превод или редакција на преводот според оригиналот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)