цветен (прид.)
Селаните мои крај мене се збират, ми трепери срце разиграно врадост, о, селани мои, о ливади цветни, о, денои среќни -спомени на младост!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
И децата му се радуваа на тоа градинче што го создадоа на еден балкон од една голема зграда, какви што ги има многу во нашиот град, зграда со многу прозорци, врати, балкони и скали, но во коишто живеат многу деца - што сакаат цветни градинки, пчелки и пеперуги.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Ги отвори своите пупки и се облече во цветна сина облека.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сега мајските дни ја запролетија Софија и ја облекуваат во нејзиното зелено и цветно руво и затоа таа пак се разубавува.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ПАРИЗ најимпозантно се претставува на „Трокадеро“, на она место кај што се издига палатата „Шајо“ и од каде што се отвора величествена панорама - Ајфеловата кула, а понатаму убав парк полн со зеленило и цветни алеи во чие дно се наѕира Военото училиште.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Учителот го собираше и цветниот прав - поленот од растенијата и го проучуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Да, од такви болештини се поцрнувало, тоа можел секој да го знае, и тука не помага билје, таков лиснат или цветен лек не никнува од земјата, ракијата и лукот ѝ се смрт на смртта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Насекаде цветни булки и актери за нови војни на летата јужни.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Одеше со рамномерни чекори - ниту полека, ниту брзо - небаре чекори низ ливада, а не низ училишниот двор - во цветно широко здолниште и бела блуза.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
УВОД ВО Размисли добро: кога ти подаруваат часовник ти подаруваат мал цветен пекол, затвор за воздух.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сонцето е високо на синото небо и неговите златни зраци го полнат бунарот и јас лебдеам како цветен прав, невидлив и маглив на топлите зраци. Гласови.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Вистинска зимска ноќ, а во неговиот поглед тоа прилегаше на една топло расплавена цветна априлска или мајска утринска ледина во која цветовите, испреплеткани со рамката на една заедничка слика, те повикуваат со добрината на играта која, до колку не ја прифатиш, цел живот ќе тагуваш, ќе се каеш, ќе болуваш.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ѕидовите станаа фонтани, фонтаните лакови, куполите небо, небото цветен килим, а сето тоа исчезнуваше во чистиот простор.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се разликува од претходните, обилува со оптимизам: - Нашите родители ни раскажуваат дека Берово некогаш било град на зеленило - имало дрвореди од липи и див костен, зелени површини и убави цветни градини.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)