целувка ж.

целувка (ж.)

– Е, заслужи едно галење, џанам – ѝ рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе ѝ залепи една целувка меѓу веѓите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Виде како сите новодојдени еден по еден се протуркуваа до Деспина и сите ѝ честитаа со целувки, ама никако да погоди кое е момчето што го армасуваа за неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Седна на масата и го отвори писмото, при кое веднаш погледот му падна на онаа слатка завршна реченица „Прими илјада целувки”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)